Македонските ракометари го совладаа Израел

by fokus

Македонската машка ракометна репрезентација ја продолжи победничка низа во подготовките за настап на претстојното Европското првенство, совладувајќи го во Скопје вечерва Израел со 31:28 (14:15).

Најефикасен во македонскиот состав, во првиот од двата контролни натпревари против израелската репрезентација, беше Ненад Костески со пет голови, додека Филип Кузмановски и Цветан Кузманоски постигнаа по гол помалку.

Контролните натпревари против Израел се играат зад затворени врати, а вториот дуел е закажан за утре, исто така, во Скопје со почеток во 18 часот.

Македонската репрезентација минатата недела забележа две победи над Кувајт во подготовките за настап на Европското првенство, на кое прв противник на избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе биде Словенија, на 13 јануари во Дебрецин.

Поврзани новости