Навивачите на македонската фудбалска репрезентација кои сакаа да ги бодрат фудбалерите на натпреварот со домаќинот Холаднија, нема да може да патуваат во Амстердам.
Холандската амбасада соопшти дека Македонија спаѓа во групата на ризични земји според нивното Ковид рангирање, а граѓаните од оваа група имаат забрана за влез во Холандија.
-Во врска со претстојниот фудбалски натпревар помеѓу Северна Македонија и Холандија, ве информираме дека забраната за патување во ЕУ за граѓани од трети држави (вклучувајќи ја и Северна Македонија) е сѐ уште во сила. Може да патувате во Холандија само доколку спаѓате во една од категориите кои се изземени од забраната за патување, стои во соопштението на холандската амбасада во Македонија.
Натпреварот меѓу Холандија и Македонија се игра на 21. јуни.