Македонските кошаркарки постигнаа 124 поени и победија со 77 разлика

by fokus

Женската јуниорска кошаркарска репрезентација на Македонија попладнево ја победи Молдавија со неверојатни 124 – 47 на Европското првенство Б-дивизија.

Победата со 77 поени разлика е можеби најубедлива победа која ја постигнала една македонска кошаркарска репрезентација.

Ова беше прв триумф на македонската репрезентација на ова Европско првенство, откако нанижаа четири порази во низа. Победата над Молдавките ни носи разигрување за пласман од 17 до 24 место.

Поврзани новости