Македонските и бугарски историчари разговарале за учебниците

by fokus

Прашањата за учебниците по историја во Северна Македонија и Бугарија врз основа на меѓусебно разменетите забелешки биле тема на дискусија на 23-та средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања што се одржа вчера и денеска во Софија.

Како што информира денеска МНР, членовите на Комисијата размениле идеи и аргументи како да се подобрат учебниците по историја и размениле неколку предлог-препораки кои остануваат основа за понатамошни разговори.

Следната редовна средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања ќе се одржи на 30 и 31 март 2023 година. 

Последниот состанок на комисијата беше на 17 и 18 ноември, исто така во Софија. Главна тема беше улогата и местото на Охридската архиепископија и начинот на кој таа е претставена во учебниците за VII одделение во Република Северна Македонија.

Копретседателот од македонскиот дел на комисијата Драги Ѓоргиев, тогаш изјави дека на средбата имало позитивна и конструктивна атмосфера, меѓутоа договор не бил постигнат поради недоразбирања околу изворите и различното толкување на минатото.

Поврзани новости