Околу 18.000 средношколци на ниво на држава ја бојкотираат наставата во средните училишта, а на нив секојдневно им се приклучуваат ннови училишта. Денеска на марш излегоа стотици ученици од различни средни училишта во Тетово, кои уште еднаш го искажаа револтот од лошите реформи во средното образование.
Средношколскиот марш започна на плоштадот во градот, а преку централното градско подрајче колоната се упати во централната гимназија. Денешниот марш е на иницијатива на албанските паралелки во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ кои пред два дена самите организираа мирен протест на плоштадот во градот и прогласија бојкот на формалната настава.
Во периодот додека бојкотираат, средношколците имаат алтернативна настава и уште многу активности. И, по две недели од бојкотот на наставата, министерот за образование Абдулаќим Адеми продолжува со игнорантскиот однос кон нив.