Ли ја повика опозицијата да се врати во парламентот

by Фокус 13:45
13:45

Американскиот помошник државен секретар Хојт Ли, по денешната средба со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека опозицијата треба да најде начин да се врати во парламентот, но повторно ја повика и владата посвети внимание на содржината од објавените прислушувани разговори.

– Сите страни треба да се однесуваат одговорно, да се обидат да најдат начин да ја разрешат кризата. Владата треба да посвети внимание на содржината на прислушуваните разговори, целосно да ги истражат обвинувањата за прекршувањето на законите и корупција. Веруваме дека во секоја демократија е важно опозицијата да ја игра својата демократска улога, која значи дека треба целосно да учествува во институциите, вклучително Парламентот – истакна Ли.

- Advertisements -

Поврзани новости