Македонските државјани ќе патуваат во Данска без карантин и тестови

by fokus

Македонските граѓани ќе можат да патуваат во Данска без да одат во карантин и без двојни тестирања за Ковид-19.

Данското Министерство за надворешни работи соопшти дека земјите од портокаловата листа за ризик од Ковид-19, како што се Северна Македонија, Албанија, Либан и Србија, се додадени на жолтата листа, откако државниот Дански институт за превенција и контрола на заразни болести регистрираше пад на стапката на инфекции со коронавирус во овие држави.

За државите од жолтата листа, сепак, останува непроменет условот да се тестираат пред да влезат во земјата.

Исто така, неколку региони на Грција, Шпанија, Франција и Швајцарија, се додадени на жолтата листа.

Поврзани новости