Заев до Пандев: Напред македонски јунаку!

by Fokus

Легендата на македонскиот фудбал, Горан Пандев, попладнево против Холандија ќе го одигра својот последен натпревар за македонската селекција.

Премиерот на Македонија, Зоран Заев преку социјалните мрежи упати порака со честитки за Пандев за се што направил за нашата репрезентација.

„Македонското фудбалско чудо – капитенот Горан Пандев денеска заокружува европски и светски успех. Најдобриот стрелец во историјата на македонската фудбалска репрезентација, својот последен настап во националниот дрес го игра на историскиот пласман за #MKD на #EURO2020. Има ли подобро финале за нашиот Гоче? Сега е време неговото знаење и искуство да го пренесе на нашите млади фудбалски таленти. Напред Пандев, напред македонски јунаку! Новите македонски сили во фудбалот се во твои раце“, напиша Заев на социјалните мрежи.

 

Поврзани новости