Бугари од Македонија денеска во Брисел се сретнале со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, пренесува БГНЕС.
Тие му се пожалиле на Вархеји дека бугарската заедница во Македонија немала дијалог со властите во Република Македонија, за што вложувале напори повеќе од две години.
Делегацијата ја предводеа Петар Колев, Георги Трендафилов и Љубчо Георгиевски, а веднаш по средбата со еврокомесарот за проширување Вархеји, за бугарските медиуми порача дека го известиле дека иднината на Македонија е во ЕУ.
Повеќе од две години се обидуваме да водиме дијалог со властите во мМакедонија, но безуспешно. На комесарот Вархеи му кажавме дека сме тука затоа што нема дијалог меѓу претставниците на властите во Македонија и бугарската заедница. Иднината на Македонија е во ЕУ, но тоа не може да се направи на сметка на Бугарите кои живеат во таму, велат тројцата македонски Бугари.
Тие се пожалија дека македонскиот парламент наместо да работи на измени за вклучување на Бугарите во Уставот, со што ќе се забрзаат преговорите со унијата, донесе закони со цел затворање на клубовите на локалните Бугари. Претседателот на бугарскиот клуб во Битола, Љупчо Ѓоргиевски по посетата на Брисел, на фејсбук напиша, Македонија во Европа час поскоро, со Бугарите во уставот како државотворен народ.