1.3K
Македонскиот филм „Налепница“ на Георги Унковски е избран за најдобар краток филм на 18. издание на Меѓународниот фестивал за краток филм „Ин д палас“, што е еден од официјалните светски фестивали кои ги квалификуваат победниците за натамошна можност за номинација за Оскар.
„Налепница” е поддржан од Агенција за филм на Северна Македонија и претставува дел од реформираниот нов бран кој докажува дека македонскиот филм може.
Македонскиот филм „Налепница“ три години по ред успева на реномираниот Санденс, а два пати се квалификува за Оскар.