Нови петмина починати од Ковид-19, вкупната бројка се искачи на 710

by fokus

Во изминатите 24 часа регистрирани се нови 183 заразени со корона вирусот, но и петмина починати пациенти. Вкупниот број на починати од почетокот на пандемијата се искачи на 710.

-Починати се 5 лица, пациент од Скопје (51г), од Дебар (68г), од Крива Паланка (58г), Радовиш (71г) и пациент од Кочани (66г). Сите се починати во болнички услови, информираат од Министерството за здравство.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 102 оздравени пациенти од: Скопје-38, Куманово-12, Штип-5, Прилеп-8, Тетово-3, Струга-4, Битола-12, Кавадарци-3, Гостивар-2, Крива Паланка-2, Кочани-4, Пробиштип-3, Пехчево-1, Берово-2, Делчево-1, Кичево-2.

Поврзани новости