612
Македонскиот автомобилист Виктор Давидовски имаше одличен викенд во ТЦР Европа, на патеката во Монца.
Возачот на Комтој извозе одлична прва трка, на која заврши на подиумот. Давидовски доцнеше околу половина секунда зад победникот Паувелс, обезбедувајќи си го третото место. За македонскиот возач ова беше прв победнички пиедестал во сезоната, во претпоследниот тркачки викенд.
По пласманот на третото место, во втората трка на култната „Монца“, Давидовски финишира на осмата позиција.
Последниот тркачки викенд во серијата ТЦР Европа ќе биде од 20 до 22 октомври во Барселона.