Група на музичари од земјава дошле на идеја да направат трибјут бенд од почит кон своите идоли од ,,Бјело дугме”.
Тие веќе снимиле седум песни од легендарните ,,Бјело дугме”, но освен во музиката, решиле и визуелно да бидат буквално како членовите од популарниот бенд.
Гитаристот Стевче Грозданов како Горан Бреговиќ, пејачот Зоран Рудан-Цеки како Жељко Бебек, басистот Горан Гешовски како Зоран Реџиќ, тапанарот Сашо Стојановски како Горан Ипе Ивандиќ, клавијатуристите Борислав Драганов-Боби како Лаза Ристовски, Давор Јордановски и Мирослав Милковски како Владо Правдиќ, како и придружните вокали Билјана Ѓошева и Боба Танева како Амила Сулејмановиќ и Зумрета Миџиќ-Зу, најавуваат свои настапи како „Бело копче – трибјут Бијело дугме“.
Станува збор за лица кои се музички професионалци, а бендот го формирале пред две години. Поради состојбата со пандемијата со корона вирус, немале можност да се претстават јавно, но сега веќе најавуваат дека доаѓа вистинско време да започнат со настапи и да потсетат на убавината на музиката со која растеа генерации.
Вики Клинчарова