Македонски хирурзи ќе се обучуваат за трансплантација на бели дробови во Виена

by fokus

Торакални хирурзи од македонските Клиники ќе бидат испратени на Клиниката AKХ Виена на Медицинскиот Универзитет, каде ќе се обучуваат да трансплантираат бели дробови. Ова денеска го договориле министерот за здравство Венко Филипче со торакалниот хирург, проф.д-р Волтер Клепетко.

Тој лани го предводеше тимот на хирурзи кои успешно извршија трансплантација на бели дробови на пациентка заразена со Ковид.

-Ова беше првпат во Европа едно лице заразено со корона вирус да има трансплантација на бели дробови од донор. Со д-р Клепетко договоривме соработка и во други области во хирургијата. Чест ми е што денеска беше мој гостин, за спомен му подарив пеперутка во филигран, со себе да ја понесе традицијата и умешноста на нашите мајстори на филигранството, соопшти Филипче.

Поврзани новости