Mакедонски државјанин почина на плажа во близина на Кавала

by irena 14:13
14:13

На плажата Карианис во близина на грчкиот град Кавала, вчера почина 80-годишен македонски државјанин, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Крајбрежната служба на Грција соопштија дека вчера во попладневните часови, биле информирани дека „80-годишен странски државјанин (државјанин на Република Северна Македонија) бил извлечен во бесознание од плажата“, му била укажана прва помош, а потоа со амбулантно возило на брзата помош бил пренесен во Општата болница во Кавала, каде што лекарите констатирале смрт.

Според информациите, 80-годишниот ја загубил свеста додека бил во морето, по што останатите капачи побарале помош, а обдукцијата ќе покаже која е причината за смртта.

Слични вести