459
Полицијата на Малта сé уште трага по Србинот, кој со нож нападна 58-годишен Македонец во Бугаби.
Македонската заедница во Малта на „Фејсбук“ објави дека напаѓачот е Милош Видаковиќ. Тие приложија негови негови фотографии и ги повикаа сите што знаат нешто за Видаковиќ да се јават во полиција. Во меѓувреме, профилот на Видаковиќ на „Фејсбук“ е избришан.
Според локалните медиуми, полицијата го третира нападот како обид за убиство.
Според медиумите, тој закрепнува и веќе не е во критична состојба. Долго време живее во Малта, каде што има пекарница.