Македонската репрезентација ослабена замина во Грузија

by Fokus

Македонската фудбалска репрезентација, откако утринава тренираше во Скопје, попладнево со чартер-лет замина за Тбилиси на дуел против Грузија во рамки на Лигата на нации.

Македонските фудбалери му гостуваат на лидерот во групата 3 од Ц-Дивизијата во ослабен состав без неколкумина стандардни фудбалери, вклучувајќи ги капитенот Стефан Ристовски, Аријан Адеми и Дарко Чурлинов.

Натпреварот во Тбилиси се игра в петок со почеток во 18 часот.

Својот настап во Лигата на нации, избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе го завршат в понеделник во Скопје против Бугарија.

На табелата води Грузија со 10 бодови, пред Македонија (7), Бугарија (3) и Гибралтар (1).

Поврзани новости