И директорот на „Паркови и зеленило“ поднесе оставка

by Fokus

Директорот на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, Ангеле Сотировски поднесе оставка од функцијата.

Тој не незадоволен од соработката со градоначалничката Данела Арсовска и поради тие причини денеска се одлучил на ваков чекор.

Претходните денови оставки дадоа и директорите на „Градски паркинг”, „Дрисла”, „Улици и патишта”,и на „Лајка“ , откако Арсовска го разреши директорот ЈП „Водовод и канализација”, Златко Перински.

Фото – Град Скопје

 

 

Поврзани новости