599
Македонската ракометна репрезентација оствари убедлива победа од 32:24 против Романија во првиот бараж натпревар за пласман на Светското првенство кое следната година ќе се игра во Германија и Данска.
Предноста од осум гола треба да биде доволна за пласман на уште еден Мундијал.
Кире Лазаров и Дејан Манасков беа најефикасни со по седум голови, a Борко Ристовски имаше 14 интервенции.
Реваншот во Романија се игра во среда.