Таравари: Јас и моето семејство добивме смртни закани од Фејзули

by fokus

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари и неговото семејство добиле смртни закани од Хабиб Фејзули, ова во Фејсбук статус го објави Таравари.

-Ова лице кај луѓето е познато како човек со криминално досие, но за жал амнестиран од една детруктивна албанска партија! Овој е еден од две лица, кои пред неколку месеци влегоа вооружени во гостиварската гимназија и нападнаа двајца професори на нивното работно место, пишува во статусот гостиварскиот градоначалник.

Таравари му порачува на Фејзули дека ќе биде изведен пред лицето на правдата и дека случајот ќе го направи повеќе од познат, односно дека ќе биде пријавен и во секоја амбасада, институција или кај меѓународен политичар.

-Ти не си само мој непријател (бидејќи ми се закануваш), туку ти си непријател на цел еден Гостивар, вознемирувајќи ги граѓаните кои не се заштитени од политиката! Не сакав да дадам толку многу значење, бидејќи ти всушност си жртва на еден заостанат молитичко-мафијашки феномен, но поединци како тебе да се во голем долг се правдата затоа дојде време да се измијат долговите! Бидете сигурни дека нема да толерираме никој кој ги навредува слободата и правата на граѓаните! Тоа е нашата мисија!, пишува Таравари.

Поврзани новости