Македонската полиција „улови“ шестмина пијани возачи – сите со над 1,5 промили алкохол во крвта

by irena 13:10
13:10

МВР информира дека рано утринава во 00:30 часот на улица „Магистрален пат“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода В.А.(52) од Кичево.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со кичевски регистарски ознаки, кое тој го управувал и притоа, кај него констатирале 2,11 промили алкохол во крвта.

Само половина час подоцна, во 01:05 часот на ул.„Франклин Рузвелт“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.Г.(41) од Скопје.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „пасат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал И.Г. и по преземени мерки, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,66 промили алкохол во крвта.

Истата вечер во 01:30 часот на улицата „Ѓорче Петров” во Куманово полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишија од слобода А.К.(26) од Куманово.

При контрола на патниот сообраќај во Куманово, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди” кое го управувал А.К. и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.77 промили алкохол во крвта.

Утринава во 03:10 часот на ул. „Шишка“ во Кавадарци, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Кавадарци го лишија од слобода Н.Ѓ.(23) од Неготино.

При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „бмв“ со неготински регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,60 промили алкохол во крвта.

Во Велес во 03:30 часот на улица „Нада Бутникошарева“ полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес го лишија од слобода М.С.(29) од Велес.

При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „ауди“ со велешки регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,86 промили алкохол во крвта.

Еден час подоцна, во 04:30 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Х.Е.(38) од Охрид.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, кое тој го управувал, и притоа, кај него констатирале 1,50 промили алкохол во крвта.

Лицата се исклучени од сообраќај и задржани во полициска станица.

По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Слични вести