426
Македонски патриотски песни, со зурли, ора и тапани, во моментов ечат на контра-протестот пред Собранието на Македонија.
Пејачката Андријана Јаневска ја отпеа и македонската химна, а се читаше и македонскиот Манифест.На контра-протестот предмалку пристигна и градоначалникот Коце Трајановски.
Пред Собранието има над илјада луѓе, кои протестираат за одржување на избори на 5-ти јуни. Демонстрантите скандираат „Никој ништо не ти може Никола” и „ВМРО-ДПМНЕ”.