720
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, рече дека ја укинува туристичка стража во центарот на Скопје бидејќи служела за потсмев.
–Немаше здраворазумен човек кому таа таканаречена туристичка стража не му служеше за потсмев. Скопје не е град за потсмев. Скопје е град кој треба да биде респектабилен, град кој треба да остане во убави спомени, а не во спомени за потсмев. Од тие причини дел од таквото лудило повеќе во градот нема да има – рече Шилегов одговарајќи денеска на новинарско прашање.