Палењето на Клубот „Ванчо Михајлов“ го крена на нозе цел македонски државен врв кој побрза кој прв ќе го осуди инцидентот. Денеска и министерот за внатрешни работи, триумфалистички објави дека веднаш го пронашле сторителот, пејачот Ламбе Алабаковски.
Но, пред само две недели имаше инцидент во Бугарија за кој македонската држава, Влада и претседател воопшто не беа заинтересирани, ниту го осудија.
Имено, Виктор Канзуров, кој се декларира како македонски Бугарин, заедно со неговата сопруга ги изгазија и ги фрлија во контејнер венците поставени од ОМО Илинден Пирин на споменикот на Јане Сандански по повод годишнината од смртта на македонскиот великан која традиционално се одбележува во Мелник.
Тие со неколку фотографии се пофалија дека ги отстраниле и фрлиле во ѓубре.
-Венците на ОМО Илинден отидоа во ѓубре!, стои во Фејсбук објавата.
Активистот за правата на Македонците во Благоевград, Атанас Кирјаков во изјава за „Фокус“ вели дека вандалскиот чин со фрлањето во ѓубре на венците на ОМО Илинден од лицето Канзурски веќе е заведено како судско дело во Судот во градот Сандански.
-Но ние , етничките Македонци под Пирин се прашуваме: Зошто македонскиот државен врв и тогаш , па и сега молчи , и не реагира остро против вандализмот во Мелник , уште повеќе дека хулиганот Канзурски е македонски граѓанин од градот Скопје?
И на краj да го потсетиме на премиерот, господинот Ковачевски , дека вети дека во Благоевград ќе отвори врати на Македонски културен информационен центар. До каде е стигната таа процедура?, прашува Кирјаков.
За разлика од македонскиот државен врв, бугарскиот државен врв остро реагираше на инцидентот во Битола, а и му врачи протестна нота на македонскиот амабсадор во Софија.
К.С.В.