Обединетата македонска дијаспора го повикува македонскиот претседател Ѓорге Иванов формално да го информира Советот за безбедност и Генералното собрание на Обединетите нации за време на неговиот говор дека Македонија ќе се повлече од преговорите за името со Грција, бидејќи во спротивно македонскиот идентитет ќе остане преговарачки и ирелевантен елемент.
„Овие преговори за името се неприфатливи за долгорочно подобрување на Македонија. Наместо тоа, македонското раководство треба да ја фокусира својата енергија на проширување и изградба на подлабоки врски со земјите што сакаат да се вклучат во продуктивни односи, кои ја зајакнуваат економијата и безбедноста. Иднината на Македонија лежи во своите дејствија и не можеат да бидат преговарани ниту диктирани со економски заплашување на што бевме сведоци во текот на изминатата деценија“, соопштија од ОМД.
Според оваа организација на чело со Мето Колоски, Македонија треба достави официјално барање до ООН за промена на референцата „поранешната југословенска Република Македонија“ во „Република Македонија“.