408
Норвешкиот портал „Ослоби“ (Osloby), портал на угледниот весник „Афтенпостен“, објави листа на десет амбасади во Норвешка кои не ги плаќаат казните за паркирање. На оваа листа Македонија е на седмото место и должи 1.500 евра за казни.
Во листата топ 10 дипломатски претставништва кои се кријат зад дипломатскиот имунитет и се уште не платиле за непрописно паркирање се и Грузија, Мароко, Виетнам, Ирак, Кина, Судан, Пакистан, Иран и Израел, пренесе Мета.
И во 2013 година истиот норвешки весник објавил дека македонската амбасада тогаш должела 21.150 норвешки круни поради непрописно паркирање. Инаку, казната за погрешно паркирање во Осло изнесува 500 круни.