Каракамишева: Ја спинуваа колумната, мојата порака е многу подлабока

by Фокус

Професорката Тања Каракамишева денеска реагираше на сите пишувања на нејзината колумна во која ги наведува причините поради кои, според неа, младите ја напуштале Македонија. Таа вели дека се прави класичен манипулативен политички спин на колумна која има многу подлабока порака од онаа што спинерите сакаат да ја претстават.

-Жално е што не постои елементарен обид за проникнување во нејзината суштина, во поентата на денешното оттуѓување од духовните и традиционални вредности, од значењето на домот, и семејството. Сатанизирањето на мојата личност преку извртување на вистината содржана во текстот е дел од поголемата политичка хајка која подолго време се води против мене, вели Каракамишева во својата реакција.

Таа ги повика „критичарите“ внимателно да ја прочитаат целата колумна, а не само делчињата што им се сервирани од домашните дежурни политички спинери.

Поврзани новости