Скопјанката Ева Јованова е студентка на Универзитетот „Џорџтаун“ во Америка. Таа упати критики кон оние граѓани на Македонија кои го бојкотираа референдумот и порача дека – после ваквиот референдумски ден, таа нема да се врати во нашата држава за да го примени нејзиното знаење.
„Кога ме примија на Оксфорд пред неколку месеци, ми дадоа ценовник со паралелни цени – еден за ЕУ државјани и еден за сите останати. Секако, ако бевте доволно глупави да бојкотирате, нема што да се секирате за такви работи – вашите деца сигурно нема да влезат на врвен европски факултет. Јас сега студирам на факултет во Америка од рангот на Оксфорд, а после денешниот ден сум сигурна дека во Македонија нема да се вратам за да го применам знаењето. Во изолација и како луѓе од втор и трет ред нека живеат тие што така си одбраа. И секако, моето сочуство за сите исклучоци коишто излегоа и го поддржаа референдумот, ама се осудени на пропаст од туѓа грешка и хир“, истакна Јованова на нејзиниот профил на Фејсбук