Коце и Јанкулоска во автобус го промовираа „Скопје-град без насилство“

by Фокус

Градоначалникот Скопје, Коце Трајановски, првата полицајка Гордана Јанкуловска и директорот на ЈСП, Мишо Николов, денеска го промовираа проектот за подобрување на безбедноста на јавни места и зголемување на толеранцијата меѓу младите „Скопје-град без насилство“.

Проектните активности ќе се состојат од едукативни работилници и три јавни дебати со учениците (во кои покрај учениците ќе бидат опфатени и претсавници од училиштето, како и претставници од Советот на родители во училиштата). Проектот ќе се имплементира од Одделението за превенција при СВР Скопје, со поддршка од Секторот за образование од Град Скопје и Одделот за развој на полицијата при Мисијата на ОБСЕ во Скопје и ЈСП Скопје.

Една од активностите што се предвидени во проектот е и дистрибуција на промотивните материјали во училиштата, автобусите, автобуските постојки, билетарите и други јавни места, изработени со поддршка на Одделот за развој на полицијата при мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Поврзани новости