1K
Србија најави дека ќе испрати протестна нота до Македонија за грешката со поштенската марка каде беше отпечатена мапа на „Голема Хрватска“, каде има делови од други територии, меѓу кои и од Србија, пренесе ТВ 21.
Вработен во македонската амбасада во Србија, повикан е денеска во министерството за надворешни работи каде му е предадена нотата, јавуваат повеќе медиуми во Србија.
Ваквиот потез на „Македонска пошта“ наиде на жестока реакција во Србија. „Македонска пошта“ се извинија за грешката, за која велат дека е сторена ненамерно.