(ФОТО) Илјадници луѓе на воената парада во Белорусија

by fokus

Русија ја откажа парадата по повод Денот на победата, но Белорусија не го направи тоа. Денеска во екот на пандемијата илјадници луѓе, голем дел без маски, присуствуваа на воената парада во Белорусија.

Русија и останатите земји го откажаа военото дефиле, па Белорусија е единствена земја од поранешниот Советски Сојуз, која со воена парада ја одбележа 75-годишнината од победата над фашизмот.

-Во овој луд и дезориентиран свет многумина ќе не осудат поради тоа што сме сега и овде и го одбележуваме овој свет настан. Не брзајте со заклучоците, не не осудувајте нас, потомците на белоруските победници. Не можевме поинаку. Немавме друг избор, Но и да имавме, исто ќе постапевме, рече претседателот Александар Лукашенко.

Поврзани новости