Пишува: Петар Богојески, политички и граѓански активист
Доволно живеевме во дефанзива, време е за македонска офанзива! Поминаа векови под ропство, ние трпиме. Поминаа децении во федерација, ние трпиме. Поминаа децении во независност, ние трпиме. До кога ќе трпиме, бре, Македонци? До кога? До каде? Сигурно ја знаете онаа за „каурот со кобурот“? Да останам пристоен, нема да ја раскажам. Ама време е бре да извадиме тоа кобурата и да се распукаме. Доста трпиме! Во генот ни влезе тоа трпењето. Па, уште и имиња на нашите им ставаме Трпе, Трпана, Добре, Доста, Мирко… што е поентава? Дај, бре, народе да кренеме глава?!?
Точно е тоа, многу неправди врз нас. Така е! Од памтивек до денес. Точно е дека ние сме жртвите. Ама тоа е така зашто трпиме. Зашто сме со векови во дефанзива. До нас е работата. Ако не трпевме, немаше да бидеме жртвите. Нели ни е смачено од тоа да бидеме жртви и да трпиме? Направени се врз нас историски неправди. Понижувања и омаловажувања. Па, ајде време е да се кренеме и да ги исправиме тие неправди. Да се спротивставиме! Да тргнеме во офанзива и да ја истераме правдината. Со плачење по дома, со очајување, со самосожалување нема да се избориме. Само со борба. Само со офанзивен пристап. Само со напад!
Не можеме ние вечно да плаќаме за издигање на силата на други држави и нации. Тие тоа да го прават на наша сметка, на наша штета, а ние да трпиме. Не бива таа работа, бре, Македонци! Ние треба да се погрижиме за нашата сила, за нашата нација, за нашата држава. Друг нека ја плаќа сметката за другите, било соседи, било некои од подалеку. Ние ќе плаќаме и понатаму, ама за нашата држава!
Најголем проблем ни се слабите анационални единки. Клиентелисти, лигушковци, неспособни да ја преземат одговорноста за себе и за својата татковина. Тие неспознаени Македонци, тие одродени или збунети во ова лудило, тие се виновници за ова што ѝ се случува на Македонија. Можеби не директно за причините за лудилото во кое живеем, можеби тоа лудило го потхрануваат надворешни фактори, но, сепак, слабите единки од нашето племе се виновни за оваа македонска трагедија. Потребна е цврста рака со нив, за да се расчисти со сè! Ако знаеме дека русофилијата е болеста на овој народ, на слабите изгубени македонски души, тогаш мораме да им помогнеме на тие слабаци. Ако малодушноста и кодошлакот се главните причинители за македонските трагедии, мораме да ги сосечеме во корен. Сите тие слабости на македонските изгубени души треба да се прогласат за психичко заболување – дијагноза која ќе се третира со медицински и воспитни методи. Тоа е улогата на државата, да ги поттикне силните, а да им помогне на слабите. Мораме да ги лекуваме и да ги превоспитаме македонските кодоши, лигуши, фили, мани и сл. Доста веќе ги толерираме! Доста!
Овој народ мора да осети слобода, сигурност, безбедност… да почне спокојно да живее. Редно е да се избориме за нашиот народ да зема повисока плата за пократко работно време. Мора за жените да се промовира посебна политика, да се поткрепат зашто тие се темел на семејството, а семејството е темел на државноста. Без мотивирани силни жени пропаѓа државата!
Имаме остатоци од крими-болшевизмот во нашето општество. Точно е, имаме. И сега што треба да правиме? Да плачеме? Не! Ќе земеме со сите средства ќе го откорнеме тој отров од душата на Македонецот. Со сите средства. Тоа е канцер во телото на нашата татковина. Се знае како се постапува со канцер. Длабоко сечење, зрачење, хемија… сè што треба за да исчезне. Сè! Зашто вака болни се тетеравиме, се лигушиме и чекаме сè од државата. Силна држава има само со силни поединци. Да заклучиме, мораме да го отстраниме крими-болшевизмот од нашата татковина како канцер од сопственото тело!
Општеството е широко поле за орање. Во него има сè и сешто. И добро и лошо. И здраво и болно. И писмено и неписмено. И цвеќе и троскот. Време е за елиминација на непотребните делови од општеството. Си има начин, демократски начин. Ќе се заврши таа работа, ако сакаме држава. Нема, ние, Македонците да се шетаме како зомби по светов, зашто по дома имаме отпад. Ќе си го исчистиме прво сопствениот двор, ако сакаме да се движиме со крената глава како ГОРДИ МАКЕДОНЦИ! Ние сме наследници, ние сме производ, ние сме резултат на најдобрите и највредните културолошки постигнувања на Балканот и Европа, од сите култури заедно. Сите култури присутни на оваа македонска територија. Ние сме микс на совршенство! Ние сме елита меѓу другите. Срамота е да бидеме понижувани, толчени, а ние да трпиме. Ако сме така воспитани, тогаш лошо нè воспитале. Арам на воспитачите од минатото. А тоа се секако нашите поробители. Арам за нив. Ама ако продолжиме сега сами со истото поведение, тогаш е арам за нас!
Мора жестоко да бидат казнети некои луѓе поради начинот на кој ја корумпираа Македонија! Ја корумпираа и свеста и честа. Во услови на хаос и неспособност, најважно е да се покаже ред и дисциплина. Притисок во една насока! Во насока на офанзива. Македонска офанзива. Крајниот резултат на нашата мисија, на нашата реформација мора да биде отстранување на млитавата и потрошена елита и создавање нова, млада, потентна, генерација на управители на државата и нацијата! Нов ред и поредок во земјата преку сите методи што се на располагање и се легитимни за другите нации и држави. Мора да ја фатиме работата здраво и од корен, ако сакаме Македонија да успее!!!