Османи и Шекеринска на состанок со колегите од НАТО, Украина и Авганистан се дел од темите

by Фокус

Министрите за надворешни работи и одбрана, Бујар Османи и Радмила Шекеринска, попладнево учествуваа на видео-состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО.

Османи информираше дека една од централните теми на состанокот е мировниот процес и иднината на Авганистан.

„Очекувано ќе бидат отворени и други актуелни теми врзани за нашата колективна безбедност, со посебен фокус кон последните случувања во и околу Украина, но и подготовка за претстојниот НАТО самит“,вели Османи.

Шекеринска, пак, рече дека со генералниот секретар Столтенберг и колегите од земјите членки на НАТО ќе дискутираат за заедничките приоритети на НАТО сојузниците во глобалната безбедност, за Авганистан, за руските активности насочени кон Украина итн.

Поврзани новости