Македонска Адел – Ленче Кукиќ со две награди се враќа од Србија

by fokus

Струмичанката Ленче Кукиќ однесе две победи од регионалното музичко шоу ,,Никогаш не е доцна” чие финале се одржа синоќа во соседна Србија. Таа е победник според гласовите од жири комисијата, но и според гласовите од социјалната мрежа Фејсбук.

Низа на комплименти, аплаузи, предвидиувања за успешна регионална кариера и споредби со музичката ѕвезда Адел и беа упатени од страна на познатите балкански ѕвезди, како Лепа Брена, Драгана Мирковиќ, Ацо Пејовиќ и други, кои беа дел од организацијата на шоуто.

Покрај Ленче, со награда се врати и Бејхан Рамов, ѕидар од Прилеп, кој освои наголем број на гласови од публиката. Тој изјави дека по успехот го остава ѕидарството и ќе се посвети на музиката.

На шоуто во организација на ,,Гранд продукција” често се пријавуваат наши музичари, а во минатото победник беше и Горан Кукиќ, сопругот на Ленче, како и деведесет годишната Добрила Ивановска – Чабриќ од Дојран. Ленче и нејзиниот сопруг Горан се дел од групата ,,Јупитер”. Долг период се присутни на сцената, а пред четири години прославија двоен јубилеј, 20 години учество на фолк фестивалот ,,Валандово” и 30 години постоење на групата ,,Јупитер”.

Вики Кличарова

Поврзани новости