Македонки од Њу Џерси ќе ја шминкаат Атиџе

by Fokus

Документарниот филм „Медена земја“ е во трка за два Оскари, на вечерашната церемонија.

Како што е веќе познато, екипата од Македонија е веќе пристигната во Лос Анџелес, а Атиџе ги освои срцата на сите присутни, како и на големите филмски ѕвезди.

Македонките Мила и Љупка Арсовски, кои живеат и работат во САД, поточно во Њу Џерси, се оние кои ќе се погрижат за изгледот на Атиџе и екипата на Медена земја, пишува Локално.мк.

Како ќе изгледаат македонските ѕвезди на црвениот тепих и на церемонијата останува да видиме.

Поврзани новости