535
Официјалните податоци на УНИЦЕФ, во рамките на кампањата „За секое дете, живот“ покажуваат дека во регионот Македонија има најголема стапка на смртност кај новороденчињата во првиот месец по раѓањето.
Едно од 120 новороденчиња во Македонија ја губи битката за живот во првиот месец по раѓањето, покажува статистиката на УНИЦЕФ во извештајот кој денеска го објави во рамките на кампањата „ За секое дете, живот“. Оваа црна статистика ја става Македонија на врвот во регионот по стапката на смртност кај новороденчињата, а втора во Европа, веднаш зад Молдавија.
Според извештајот, стапката во Македонија е 8.3 што е далеку повеќе од Турција со 6.5, Албанија со 6.2 и Босна и Херцеговина со 4.7.