Македонија во 2016 ќе добие 39 милиони долари за бегалците

by Фокус

Како дел од регионалниот план за шест земји, Македонија ќе добие  39,4 милиони долари за 2016 година со цел да се справи кризата со бегалци и мигранти.

Планот денеска беше презентиран во Скопје, а развиен е  под водство на Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите нации (УНХЦР) и Меѓународната организација за миграции (ИОМ). Тој предвидува  хуманитарни активности во организација на Владата и ги покрива активностите на осум агенции на Обединетите нации со седиште во Скопје и 16 различни невладини организации.

-Ви честитаме за гостопримливоста и великодушноста покажани кон 900.000 бегалци и мигранти кои што поминаа низ регионот само во текот на минатата година. Треба да запомниме дека луѓето коишто бегаат од конфликт и неволји имаат фундаментално човеково право на прибежиште, достоинство и шанса за подобар живот, изјави постојаниот координатор на ОН , Луиза Винтон.

Поврзани новости