Како дел од регионалниот план за шест земји, Македонија ќе добие 39,4 милиони долари за 2016 година со цел да се справи кризата со бегалци и мигранти.
Планот денеска беше презентиран во Скопје, а развиен е под водство на Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите нации (УНХЦР) и Меѓународната организација за миграции (ИОМ). Тој предвидува хуманитарни активности во организација на Владата и ги покрива активностите на осум агенции на Обединетите нации со седиште во Скопје и 16 различни невладини организации.
-Ви честитаме за гостопримливоста и великодушноста покажани кон 900.000 бегалци и мигранти кои што поминаа низ регионот само во текот на минатата година. Треба да запомниме дека луѓето коишто бегаат од конфликт и неволји имаат фундаментално човеково право на прибежиште, достоинство и шанса за подобар живот, изјави постојаниот координатор на ОН , Луиза Винтон.