Бугарија гласа за прв човек на државата во следните 5 години. Во второт круг, за претседателската фотелја се борат актуелниот шеф на државата, Румен Радев и универзитетскиот професорот, Анастас Герџиков.
Очекувањата се дека граѓаните својата доверба повторно ќе му ја дадат на Радев, кој водеше и во првиот круг.
Поранешниот премиер, Бојко Борисов кој излезе на гласање, пред медиумите ја искористи шансата да упати критика кон Радев. Поради него Бугарија и Македонија ги заладиле односите, а слична е ситуацијата и со Албанија и Турција, реагира тој. Убеден е и дека Полска ќе наложи повлекување на ветото за земјава.
Од друга друга страна пак, Радев уште еднаш се обиде да ги убеди граѓаните дека тој е вистинскиот избор и ги повика да се мобилизираат.
И неговиот противкандидат, Герџиков не губи време. Ги повика граѓаните да гласаат за надминување на внатрешно политичката и економска криза во земјата.
Право на глас во Бугарија имаат 6.700.000 граѓани, кои ќе можат да го направат својот избор во речиси 13.000 избирачки места. Гласањето почна во 7 часот утринава, а избирачките места ќе бидат затворени во 20 часот.