Обвинителот бил избоден поради расправија во сообраќај

by fokus

Денеска од Обвинителството информираа за обид за убиство на обвинител од Гостивар. Од МВР пак соопштија повеќе детали за нападот.

Информираат дека лишени од слобода се Н.С.(40), неговиот малолетен син, двајцата од село Чегране, гостиварско и Б.Ф.(41) од село.Церово, тетовско.

„Лицата се уапсени поради постоење основи на сомнение дека околу 5.30 часот во село Чегране, по претходна расправија околу недоразбирање во сообраќајот, физички го нападнале и со остар предмет го повредиле Х.И.(39) од село Форино, гостиварско. Х.И. бил пренесен во Општата болница Ферид Мурат за укажување на лекарска помош. Тројцата со кривична пријава во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка на Основен суд Гостивар“, велат од Министерството за внатрешни работи.

Поврзани новости