Македонија со најлош квалитет на живот во Европа

by fokus

Македонија е на последното место во Европа според „одржливиот квалитет на животот“, вели консултантската фирма за глобален менаџмент Бостон консалтинг груп (БКГ) во својот извештај за 2016 година.

Одржливиот квалитет на живот се мери со 44 различни индикатори, меѓу кои се: БДП по глава на жител, стапката на невработеност, инфлацијата, распространетоста на болестите, очекуваниот животен век, квалитетот и достапноста на образованието, квалитетот на инфраструктурата, состојбата на животната средина, контролата на корупцијата и слободата на печатот.

Македонија е најлоша во Европа со оценка 42,9, а малку пред неа се Црна Гора со 43,3 и Молдавија со 44,5.

 

Поврзани новости