Македонија е на врвот на светската листа за смртност на новороденчиња, а во регионот земјава е прва, ова го покажа анализата направена од Министерството за здравство спроведена во рамките на стратегијата за намалување на смртноста кај новороденчињата.
Во Македонија постојат породилишта кои немаат вработени гинеколози и тие функционираат само за итни случаи.
Во рамки на стратегијата, Министерството за здравство и Фондот за население на Обединетите Нации доделија околу 100 илјади долари за годинава, пари кои треба да се потрошат за одредени мерки со кои се очекува состојбата да се подобри.
-Ако сакаме резултати за подобрување на состојбата на бремените жени и децата, пристапот на квалитетна нега за бремените и породувањата треба да биде мултидисциплинарен. Ова подразбира вклучување на здравствени работници како гинеколози, неонатолози, акушери, медицински сестри, а исто така и родителите, таткото и мајката, изјави Јан Мекфарлан, регионален директор на УНФПА.