Георгиевски: Власта и опозицијата да се договорат за амнестија

by Фокус

Важно е и кој слушал и што е кажано во разговорите што ги објавува опозицијата меѓу високи претставници на власта, порача поранешниот премиер и актуелен лидер на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски, на трибина организирана од Центарот за разбирање и институционална соработка.

– Првата точка за да се разговара во Брисел е закон за амнестија. И двете страни се спремаат за период кога ќе има многу апсења, и ако влеземе во тој циклус, никогаш нема да излеземе од кризата и после некое време пак ќе дојдеме до тој момент да има амнестија. Може некој ќе ми се налути, но многу побрзо и полесно ќе се реши се ако се договорат за тоа до каде таа треба да биде. Да има политички дел за тие кои прислушувале и од власта и од опозицијата, така мириса, дека двете страни слушале – изјави Георгиевски.

Поврзани новости