515
Анима Мунди денеска во 12,30 часот на плоштадот Македонија во Скопје ќе одржи јавен собир под мотото „Македонија против насилство врз животните!“.
Здружението заедно со граѓани, хумани луѓе и љубители на животни уште еднаш ќе побараат масовна стерилизација, а не масовна елиминација на животните – на улица, или во стационари како скопско Вардариште.
„Забрана на слободната продажба на отрови кои се опасност за здравјето и животот на сите. Полиција за животни под итно зошто е повеќе од очигледен фактот дека насилството врз животните е срам и обележје на Република Македонија. За насилниците казна затвор!“, вели Анима Мунди.