По македонската традиционална кујна, американското списание „Вог” во послендиот број пишуваше за Охрид, како дестинација што мора да се посети во 2017-та година.
-Добредојдовте во Охрид, Македонија, крајно совршен град, полн со шарм на Стариот свет, поставен на брегот на брилијантното Охридско Езеро. Ова светско наследство на УНЕСКО се наоѓа на крстосница, меѓу три национални паркови, привлекувајќи туристи, планинари, алпинисти и луѓе кои бараат одмор, пишува „Вог” во текстот објавен во петокот.
Посетете го, додава авторот, најфотографираното обележје на Охрид, црквата Свети Јован Канео, видете го градот од врвот на Самоиловата тврдина.
– Прошетајте го Стариот град, поминете покрај куќите украсени со бугенвилија, саксии и бршлен, додека не стигнете до плажата Канео, дом на семејниот ресторан „Кај Каневче“. Завршете го денот со вечер во „Џез Ин“, ноќен клуб кој нуди жива свирка и каде што се состануваат локалните жители, стои во статијата.
За панорамаско разгледување, Вог ја сугерира турата преку Галичица до Преспанско Езеро, но го препорачува и ноќното возење со бродче до ресторанот „Острово“ во близина на реката Дрим и манастирот Свет.