450
Агенцијата Ројтерс јави дека Македонија повторно ја издаде еврообврзницата за задолжување со камата од 5 отсто на 7 години.
Не се јавува колава сума сега се бара на меѓународните пазари.
Еврообврзницата беше одложена минатата недела по писмото од СДСМ во кое им објасни на банките кои го водат процесот дека обврзницата не е правно легално издржана. Банките тогаш потврдија дека процесот ќе биде одложен.
Владата бараше на заем 650 милиони евра, а експертската заедница речиси едногласно го осуди ваквиот чекор кон ново задолжување.