452
Фудбалска репрезентација на Македонија вечерва изгуби со 2:3 од Италија на арената „Филип Втори“ во Скопје.
Имавме водство од 2:1 и реми до судиското продолжение, но загубивме во 92-та минута со 3:2.
Головите за Македонија ги дадоа Илија Несторовски во 57-та минута и Ферхан Хасани, кој вториот го го даде две минути подоцна.
Инаку, македонската фудбалска репрезентација одигра одличен натпревар против фаворизираната Италија, но остана со празни раце во дуелот од квалификациите за СП во Русија.
ФОТО: Дерби