502
„Македонија пат“ е едно од јавните претпријатија коe должи најмногу за неплатен данок на добивка и за ДДВ – околу седум милиони евра.
Овој податок може да се види на листата што ја објави Управата за јавни приходи (УЈП) за долгови стасани до 31 јануари и за неплатени долгови до 30 април врз основа на данок на додадена вредност (ДДВ), данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
На листата се повеќе компании, јавни претпријатија и физички лица.