542
Македонија повторно влече струја од европската мрежа, иако строго беше опомената дека не смее да го прави тоа, обелодени вечерва директорот на МЕПСО, Орхан Муртезани во интервју во „Топ тема“ на Телма.
Муртезани во интервју во „Топ тема“ на Телма беше директен дека Македонија повторно била опомената поради незаконско повлекување европска струја.
-Иако сите капацитети беа во мрежа освен „Осломеј“ имавме отстапување од 1700 мегавати и веднаш добивме опомена од Европската енергетска мрежа, рече Муртезани.