Транспаренси Интернешнл денеска ќе ги објави резултатите од истражувањето околу индексот на корупција.
Македонија е позиционирана на 66. место на листата од 167 земји во светот според индексот на корупција за 2015 година.Од земјите во регионот Словенија е на 35-то место, Хрватска на 50-то, Грција на 58, Црна Гора на 61, Турција на 66, Бугарија на 69, Србија на 71, БиХ на 76, Албанија на 88, а Косово на 103-то место.
Според резултатите Македонија и оваа година, е рангирана врз основа на 6 истражувања, кои биле објавени до крајот на 2015 година, при тоа користени се исти извори како и во последните две години. За потсетување Македонија изминатите две години имаше мал напредок во однос на на Индексот на перцепцијата на корупцијата така што во 2013 година беше рангирана на 67 место додека во 2014 на 64 место.
Индексот на перцепцијата на корпцијата е всушност составен врз основа на резултатите од други релевантни истражувања кои биле објавени во последниве 24 месеци. При тоа, основен услов одредена територија/држава да биде рангирана е да биде опфатена со најмалку три иницијални истражувања од вкупно 12 можни. Сите тие истражувања ја мерат перцепцијата за корумпираноста на јавниот сектор и претставуваат мислење на експерти, претставници од институции и деловни лица, најчесто од странство. Секој од овие извори се оценува врз основа на веќе утврдени критериуми од страна на ТИ.